| |

„Опералија 2025“ за првпат ќе се одржи во Софија

Од 20 до 26 октомври Софија ќе биде домаќин на престижниот меѓународен натпревар за млади оперски таленти „Опералија“, јави БНР. Организатор е продукциската куќа на светски познатата бугарска оперска прима Сонја Јончева, која во 2010 година го освоила првото место на истиот конкурс во Милано.

Легендарниот тенор Пласидо Доминго, основач на „Опералија“, ќе го предводи жирито и ќе диригира дел од програмата посветена на сарсуела. Во натпреварот ќе учествуваат 32 пејачи од 17 држави, меѓу кои и бугарскиот бас Божидар Божкилов.

Сите рунди ќе се одржат во салата „Бугарија“, а финалниот гала-концерт ќе биде под диригентство на маестро Најден Тодоров. Наградниот фонд изнесува над 100 илјади долари, со по 30 илјади долари за првонаградените во машка и женска категорија, како и специјални признанија.

Со одржувањето на „Опералија“, Софија се вбројува меѓу светските центри на оперската уметност.



Слични Објави