ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ СЕ РАСПИШЕ РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО И БЕЗ РЕФЕРЕНДУМСКО ПРАШАЊЕ

//

Во координација со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, собраниската седница за распишување референдум нема да се закаже утре, туку в понеделник, потврдуваат за САКАМДАКАЖАМ.МК извори од ДУИ, СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ.

Џафери в понеделник ќе го распише и, според законските рокови, ќе го закаже референдумот на 30 септември 2018, иако сè уште во целост не е дефинирано референдумското прашање.

Досега, јавно кажан предлог за референдумско прашање што го соопшти лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев на лидерските средби е: „Дали сте за членство во Европската унија и НАТО со прифаќање на Договорот за името меѓу Македонија и Грција?” на што доби критики од опозицијата.



Извор: Press 24

Претходна статија

ИРОНИЧНИ ЦИТАТИ ЗА ЖИВОТОТ

Следна статија

ДАНЧИЛА: НЕОПХОДЕН Е УСПЕШЕН РЕФЕРЕНДУМ ЗА ИНТЕГРАЦИЈА ВО НАТО И ЕУ

Најново од Вести