Рубио: САД ќе обезбедат „непоколеблива поддршка“ за Израел во Газа
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Вашингтон ќе обезбеди „непоколеблива поддршка“ за Израел во неговите цели во Газа и повика на елиминација на Хамас, јавува АФП, пренесува БГНЕС.
„Луѓето во Газа заслужуваат подобра иднина, но таа иднина не може да започне сѐ додека Хамас не биде елиминиран“, рече Рубио пред новинарите заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Тој додаде дека Израел може да смета на „непоколеблива поддршка и ангажман“ од страна на Соединетите Американски Држави за остварување на поставените цели.

