СЛУЧАЈОТ ЗА СМРТТА НА МАЛИОТ АЛМИР ПОВТОРНО НА СУДЕЊЕ
Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје го поништил предметот во случајот на смртта на четиригодишниот кумановец Алмир Алиу и го вратил на повторно судење, јавува „Порталб.мк“, по информација од адвокатот Асмир Алиспахиќ.
Според законските одредби, објаснува адвокатот Алиспахиќ, определениот притвор за првообвинетиот, Бобан Илиќ се укинува и истиот ќе се брани од слобода, но со одредени мерки за претпазливост.
Во јули 2016 година Алмир, беше прегазен од Бобан Илиќ, бидејќи претходно таткото на детето и Илиќ имале банална караница во амбуланта.