| |

(Галерија) Изложба „150 години Бугарска егзархија“ се одржа во бугарскиот културно-информативен центар во Скопје

Вечерва во Културниот информативен центар на Република Бугарија во Скопје се одржа изложбата „150 години Бугарска егзархија“.

На изложбата организирана од директорката на Културниот центар, Антонија Велева, со инспиративни говори се обратија амбасадорот на Р. Бугарија во РС Македонија Н.Е Ангел Ангелов, доц. д-р Александар Гребенаров од институтот за историски истражувања на БАН и проф. д-р Борјана Бужашка од Универзитетот за библиотекарство и информациски технологии во Софија.
Во своето обраќање амбасадорот Ангелов ја истакна важноста на Бугарската егзархија, посебно на територијата на денешна РС Македонија, и додаде дека и покрај сите тврдења од одредени кругови Бугарската егзархија како предвесник на бугарската држава е историска институција чиј авторитет не може да биде оспоруван и маргинализиран, посебно во делот на нејзината улога во борбите за национално ослободување на населението во Македонија.

Проф. д-р Александар Гребенаров одржа пригоден говор во кој основна тема беа одредени историски податоци поврзани со Бугарската егзархија, додека неговата колешка доц. д-р Борјана Бужашка ја истакна важноста за тоа историската меморија за Бугарската егзархија да остане како еден од столбовите воопшто за зачувувањето на бугарската државност и во наши денови.
Двајцата научници претставија и луксузно издание на албум со историски фотографии, посветен на јубилејот на Егзархијата.

Интересно е да се напомене дека изложбата „150 години Бугарска егзархија“ за прв пат се прикажува надвор од Бугарија и тоа токму во РС Македонија.

Утре изложбата ќе биде прикажана и во Битола.

Слични Објави