| |

(Галерија) Изложбата „Морски приказни“ на Весела Величкова отворена во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје

Со изложба на слики и стопено стакло на Весела Величкова, Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје ја започна својата нова иницијатива „Инспирација на бугарскиот уметник“, на која ќе бидат претставувани бугарски уметници кои работат и живеат во Република Северна Македонија.

„Се испостави дека има многу такви уметници, поети, писатели и со задоволство ќе ги претставуваме секој месец“, изјави Антонија Велева, директорка на Бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје.

Весела Величкова е родена во 1975 во Софија. Од 2018 година живее во Скопје, а претходно живеела во Мароко и Белгија. Преведувач и автор на неколку книги, поради љубовта кон уметноста студирала и „Живопис“ на Нов Бугарски Универзитет во Софија. Учествувала на повеќе изложби, но отворена синоќа во Бугарскиот Културно Информативен Центар во Скопје, е нејзина прва самостојна изложба. Насловен е „Sea Tales“ бидејќи и самата признава дека нејзината голема страст е морето.
Нејзини дела од стакло се изложени во галериите Арго-Банско, Арго-Созопол и галерија Нина во Софија.

Слични Објави