| |

(Галерија)Неколку стотици Бугари од двете страни на границата ѝ оддадоа почит на големата македонска Бугарка Мара Бунева во Скопје

Стотици Бугари од двете страни на границата денеска во Скопје ја одбележаа 95 годишнината од подвигот и смртта на големата хероина од Тетово Мара Бунева. Панахидата за Бунева, традиционално се одржа во црквата „Св. Димитар“ кај Камениот Мост, во центарот на градот, каде што на 13.01.1928 година Мара Бунева го застрелала Велимир Прелиќ, одговорен за скопскиот студентски процес против членовите на Македонската младинска тајна револуционерна организација, а потоа пукала самата во себе.

Поворката на учесниците на одбележувањето на годишнината од смртта на Мара Бунева во две групи се упати кон спомен плочата на револуционерката, која е поставена во близина на Камен Мост.

Првата група беше предводена од бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, кој заедно со негови партиски колеги и симпатизери оддаде почит на големата Бугарка.

„Се собравме на местото каде Мара Бунева премина во бесмртност во 1928 година. Извршила обид за атентат врз лице кое подложувало македонски студенти на многу тешки инквизиции, за време на т.н. Скопски студентски процес. За жал, идеалот на револуционерите од тие години како Мара Бунева – дека целиот наш народ е обединет, сè уште не е остварен. Денеска доаѓаме да се поклониме пред бугарска хероина и да кажеме се додека има меморија ќе ја има и Бугарија“, изјави пред спомен плочата Костадин Костадинов.

Потоа пристигна втората поголема група, извикувајќи „Тодор Александров“, „Иван Михајлов “, „Мара Бунева“, „Цар Борис“, „Мизија, Тракија, Македонија“ и „Млади Бугари“, со знамиња на ВМРО и ликовите на Мара Бунева, Тодор Александров, Борис Дрангов. Учесниците во поворката носеа транспаренти со натпис „ВМРО-права за македонските Бугари“ и „Културниот центар „Иван Михајлов“.

„Во годината на 130-годишнината од создавањето на организацијата на македонските и тракиските Бугари и 120-годишнината од избувнувањето на најголемото и најорганизираното востание – Илинденско-Преображенското востание. Се собравме овде на кејот на реката Вардар, за да го одбележиме споменот на една голема Бугарка и да им дадеме поддршка на нашите браќа Бугари во Македонија. Значајно е што денес овде, на оваа комеморација, присутни се Бугари дури и од ривалски политички организации, од разни јавни организации, за да покажеме дека сме поддршка за Бугарите во (Република Северна) Македонија. Нема да дозволиме никој да биде прогонуван поради правото на национално самоопределување“, рече европратеникот и копретседавач на ВМРО-БНД Ангел Џамбазки.

На колена присутните и оддадоа почит на Мара Бунева.

„Ние не сме непријатели на Македонија и Бугарите овде треба да можат да учествуваат во јавниот и политичкиот живот во земјата. Да се ​​дружат, да не бидат напаѓани. Не можете да не се согласите дека нападите врз културните клубови (во Битола и Охрид) беа брутални и вандалски. Отворањето на македонскиот клуб во Благоевград се одвиваше на поинаков начин. И тоа се случува затоа што во минатото историографијата, политиката и пропагандата во Македонија всадуваа антибугаризам за да оправдаат одредени историски настани. Бугаринот уште се смета за непријател. Не, ние сме исти, а македонска крв тече во моите вени колку и во твоите. Наративот меѓу нас треба да биде поинаков и во нашите односи да не се мешаат трети земји – ниту Србија, ниту Русија. Геополитиката се игра на наша и ваша сметка. И кога ќе го направиме овој разговор на нормален начин, ќе ја имате нашата целосна поддршка во секој поглед, бидејќи за нас емотивно, политички, историски најнормално и најважно е Република Северна Македонија да биде членка на ЕУ. . За Бугарите што ја сакаат Македонија тоа е братски. А заклучокот на денешниот ден треба да биде: Бугарија и Бугарите не се непријатели на Македонија и на луѓето овде што се определуваат како Македонци“, изјави Џамбазки за локалните медиуми, додека присутните положија цвеќе на спомен плочата на Мара Бунева.

Слични Објави