| |

(Галерија) Продолжува иницијативата „Мал Монмартр Софија 2023“ во рамките на проектот „Од двете страни на границата“

Вчера младите ликовни уметници од Бугарија и РС Македонија цртаа пред катедралниот храм „Св. Александар Невски“. Најдобрите цртежи на младите уметници беа одликувани со посебни признаници, јавуваат од Фондација Бугарска памет, кои се организатори на настанот.

Во рамките на проектот „Од двете страни на границата“ и иницијативата „Мал Монмартр Софија 2023“ тие заедно нацртаа џиновски цртеж со порака за пријателство меѓу Бугарија и Северна Македонија пред народниот театар „Иван Вазов“ во Софија.

„Мал Монмартр Софија 2023“ се одржува на иницијатива и со финансиската поддршка на д-р Милен Врабевски, прв човек на Фондација „Бугарска памет“.

Во текот на денешниот ден младите ликовни уметници ќе ги посетат Националната ликовна галерија, Музејот на илузиите и ќе имат важна средба, за која организаторите од Фондацијата на д-р Милен Врабевски не откриваат повеќе детајли.

Слични Објави