| |

(Галерија) Со помошта на Фондацијата „Бугарска памет“ битолските здруженија „Балкански мост“ и „Унироуз“ организираа дарителска акција за деца со посебни потреби и деца без родители

Здружението „Балкански мост“ од Битола и здружението ,,Унироуз” од истиот град организираа заедничка дарителска акција со финансиската поддршка на Фондацијата „Бугарска памет“ и нејзиниот основач и претседател д-р Милен Врабевски.

Во дарителската акција под мотото „Заедно можеме, заедно сме посилни, од срце за секое дете“ се подарени повеќе од 200 новогодишни пакетчиња, новогодишна елка, финансиска поддршка и други потребни реквизити за неколку јавни установи за деца со посебни потреби и деца без родители, меѓу кои ООУ „Ѓорѓи Сугарев“, ОУРЦ „Кочо Рацин“, ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца“ и Здружение на психолози „Рилука“ од град Битола.

„Со тоа се надеваме дека барем малку им донесовме радост на тие на кој што сме им најпотребни. Воедно ги повикуваме сите добронамерни фактори од нашиот град и пошироко, бизнис заедницата, здруженија, фондаци, физицки лица …. да се вклучат во нашата нова акција по повод Божикните празници, под мотото ,,ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ЗА ЕДНА ПРИСТОЈНА ТРПЕЗА’’ да се организираме и да подариме пакети со храна за социјано ранливи категории на граѓани и со тоа да покажеме дека хуманоста нема граници и не познава пол, возраст, вера или нација, и барем малку да им ги разубавиме празниците на тие кој што им сме најпотребни “, велат од здруженијата „Балкански мост“ и „Унироуз“.

Слични Објави