| |

(Галериja) Станков: Длабок поклон пред сите бугарски учители, тие се нашите современи просветители и апостоли на знаењето

„Денеска (16 септември бел. уред.) за 19-та учебна година по ред бугарското неделно училиште „Знаење““, оваа убава вест преку социјалната мрежа Facebook ја соопшти генералниот конзул на Бугарија во Чикаго САД Светослав Станков.

„Предводени од директорката, г-ѓа Лилијана Паслиева, учениците, наставниците и децата го поминаа прагот на нивното омилено училиште за да учат бугарско четмо и писмо. Секоја сабота или недела, децата, наставниците и родителите одморот го заменуваат со изучување на бугарски јазик, историја и географија. Некои од нив, патуваат со часови за да стигнат до училниците. Предградијата на Чикаго се дом на 13 бугарски неделни училишта. Но, не сите бугарски деца во Америка имаат привилегија да имаат свое неделно училиште. Во Америка има мали бугарски заедници (Минеаполис, Висконсин Дејл итн.) каде поради недостаток на доволно деца и наставници, образовниот процес го водат родители волонтери со методот на заемна помош. Длабок поклон до сите бугарски учители ширум светот, нашите современи просветители и апостоли на знаењето“, пишува генералниот конзул Станков.

Слични Објави