| |

„Дело“: Тасевски да обрне повеќе внимание на сопствената кариера, отколку да шири говор на омраза кон бугарскиот народ и држава

Кој си ја има мувата на капата како Сашо Тасевски, е должен да “плаче“ и да се правда во медиуми, не случајно на АЛФА ТВ, велат во објава на социјалната мрежа Facebook од граѓанското здружение „Дело“ Скопје. Од таму додаваат дека Тасевски треба да обрне повеќе внимание на сопствената кариера, наместо да шири говор на омраза кон бугарскиот народ и држава.

„Ние од Здружение ДЕЛО Скопје, му порачуваме (на Сашо Тасевски бел. уред.) повеќе да обрне внимание на неговата кариера, отколку да шири говор на омраза кон бугарскиот народ и држава! Исто така, нека го остави Судот да одлучи дали има или нема говор на омраза, а ние ќе се водиме од принципот на презумпција на невиноста“, велат од граѓанското здружение „Дело“-Скопје.

Фото: Принт скрин ТВ Алфа

Слични Објави