| | |

(Галериja) СУ „Св. св. Кирил и Методиј“ село Крупник ја прослави својата 110-та годишнина

На 1 ноемви 2023 г, датум што во Бугарија се прославува како Ден на народните будители и е празник за сите просветни работници и дејци во културната сфера, Средното училиште „Св. св. Кирил и Методиј“ во село Крупник, ја прослави својата 110-та годишнина. Главната прослава се одржа во читалиштето „Владимир Мајаковски“ во центарот на најголемото село во општината Симитли во Бугарија.

Гостите во салата, градоначалници на населени места во општината, инспектори од регионалниот образовен инспекторат, поранешни учители, директори, воспитаници на училиштето, ученици и нивните родители станаа сведоци на прекрасен концерт-спектакл подготвен од талентираните деца на СУ „Св. св. Кирил и Методиј“ с. Крупник.

Претходно во салата на училиштето беа доделени награди на учениците, кои учествуваа во конкурси за литературна творба, цртеж и дизајн поврзани со празникот на будителите, од училиштата СОУ „Св. св. Кирил и Методиј“ гр. Симитли, СУ „Св. св. Кирил и Методиј“ село Крупник и ОУ „Паисиј Хилендарски“ село Долно Осеново.

По доделувањето на наградите, учениците и нивните учители се упатија кон читалиштето на селото.

Во галеријата што следи можете да ги погледнете прекрасните фотографии од настанот чиј автор е Васил Василев, сопственик на V.Vasilev Photography – Studio Foss, кој исто така е воспитаник на училиштето „Св. св. Кирил и Методиј“ во село Крупник.



Слични Објави