| | |

(Галерија) Таравари, Ангелов и Стојкоски извршија увид на градежните работи на првиот центар за возрасни со аутистичен спектар во РС Македонија, финансиран по програмата „Официјална помош за развој“ на Република Бугарија

Министерот за здравство Арбен Таравари, амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски, извршија увид во градежните работи на првиот центар за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар.

Проектот за изградба на центарот се изведува од невладината организација „Во мојот свет“, а се финансира по програмата „Официјална помош за развој“ на Република Бугарија.

Во делегацијата на бугарската амбасада покрај амбасадорот Ангелов и неговата сопруга Билjана, на увидот приствуваа и полномошниот министер Петјо В’лков, директорката на Бугарскиот културно-информативен центар Антонија Велева и првиот секретар на амбасадата Елена Слатинска-Ованезова, која е и координатор на проектите по програмата „Официјална помош за развој“ на бугарската држава.



Слични Објави