(Галерија) Врвни кардиолози од Бугарија извршија бесплатни прегледи во области со бугарско население во Албанија на иницијатива на Фондацијата „Бугарска памет“ и со помошта на Министерството за надворешни работи на Бугарија
Фондацијата „Бугарска памет“ и нејзиниот основач и претседател д-р Милен Врабевски организираа и финансираа бесплатни кардиолошки прегледи во регионот Мала Преспа, Албанија, каде преовладуваат луѓе со бугарско потекло. Иницијативата има за цел да придонесе за подобрување на квалитетот на животот на локалните жители и да им овозможи пристап до висококвалитетни и профилирани медицински услуги, кои недостасуваат во областа, јавуваат од Фондација „Бугарска памет“.
Прегледите се вршат под раководство на светски познатиот бугарски кардиолог проф.д-р Иво Петров и неговиот тим од Градската клиника Аџибадем УМБАЛ Кардиоваскуларен центар во Софија, кои пристигнаа во Албанија заедно со нивниот извршен директор Андреј Марков и единствената од ваков вид мобилна лабораторија со најсовремена опрема за кардио-пулмонални истражувања во Бугарија.
„За нас е чест што можеме да помогнеме на нашите сонародници од регионот на Мала Преспа. Среќни сме што мештаните не пречекаа исклучително топло и со голема благодарност. Се надевам дека ќе им бидеме од корист“, сподели проф.д-р Иво Петров.
Медицинската установа во село Пустец опслужува над 2.000 луѓе, но на располагање имаат само двајца општи лекари, а мештаните немаат пристап специјалисти и специјализирана опрема.
„Благодарен сум на Фондацијата „Бугарска памет“ што се грижи за здравјето на Бугарите во Албанија. Кога дознавме за посетата на бугарските лекари, сите бевме пресреќни и со голема надеж дојдовме на прегледите, сподели 68-годишниот Димитри Никола од селото Врбник.
Иницијативата беше поддржана од министерката за надворешни работи и заменик претседател на бугарската Влада Марија Габриел и Министерството за надворешни работи, кои обезбедија превоз на делегацијата со воениот авион Спартан и логистичка помош на терен.
„Благодарам на г-ѓа Габриел и на Министерството за надворешни работи за помошта, а особено на Сити клиника и проф. Иво Петров, кои одговорија на нашата идеја и со чија помош успеавме да ги спроведеме превентивните кардиолошки прегледи. Ова не е прва добротворна иницијатива што ја правиме за луѓето од регионот, а нема да биде ниту последна“, изјави д-р Милен Врабевски, главен организатор на настанот.









