ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ЌЕ ОБЈАВИ КОНКУРС ЗА ОБУКА ЗА НЕГУВАТЕЛИ ЗА ПОМОШ И НЕГА НА СТАРИ ЛИЦА И ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Општина Кисела Вода во соработка со социјалното претпријатие, односно со професионалниот сервис за грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови „Нега плус“, сервис кој е основан од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – Хера, ќе организира обука за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

loading...

Заинтересираните за посета на обуката, во периодот од 23.11 до 01.12.2020 година, потребно е да се пријават кај одговорните лица за спроведување на проектот, на мејловите: [email protected] , [email protected] и на телефонските броеви: 071/391-167 Ана Ѓуроска , 070/683-810 Симон Тошанов.

Кандидат(к)ите за посета на обуката, треба да ги исполнуваат следните услови:

-Да се државјани на РС Македонија;

-Да имаат над 18 години;

-Да имаат општа психо-физичка способност за работа;

-Да имаат завршено минимум основно образование;



loading...

-Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица;

-Да бидат подготвени по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови „Нега Плус“.

Лицата кои ќе ја посетуваат обуката ќе се стекнат со верификуван сертификат.

Обуката ќе се реализира, во рамки на проектот за финансирање на развој на социјални услуги за помош и нега во домовите на жителите на општина Кисела Вода. Проектот доби поддршка од Министерството за труд и социјална политика и Светска банка.

По завршувањето на обуката, ќе започне да се реализира петгодишниот договор за подобрување на социјалните услуги, кој неодамна го потпишаа градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Конкурсот на 23 ноември ќе биде објавен на веб страната на Општината.