НА КАТИЦА ЈАНЕВА И СЕ ЗАКАНУВААТ ОД ЕДНА ДО ДЕСЕТ ГОДИНИ ЗАТВОР
Од една до десет години затвор ѝ се закануваат на уапсената специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, анализира А1ОН пренесува Лидер.
Јавното обвинителство уште од донесувањето на Наредбата за спроведување на истражната постапка против две лица за кривични дела – Примање награда за противзаконито влијание и Перење пари и други приноси од казниво дело, имало основи на сомневање дека и лицето врз кое се влијаело, јавниот обвинител, односно Катица Јанева, презела кривично-правни дејствија.
Со досега обезбедените вербални и материјални докази во истрагата Јавното обвинителство утврдило дека основите на сомневање се издигнале на степен на основано сомневање дека јавниот обвинител сторил кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.