Газда на кафеана во Трпејца и Холанѓанец нападнале мајка, татко и ќерка
Сопственик на угостителски објект и еден холандски државјанин физички нападнале татко, мајка и ќерка во охридското село Трпејца.
Според информациите на СВР Охрид, вчера во 23:10 часот А.К.(37) од селото Пештани, охридско, пријавил во полиција дека околу 21:50 часот во угостителски објект во селото Трпејца, охридско, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице од Холандија и С.И. од Пештани, охридско, сопственик на објектот.
Тој пријавил дека освен него, физички биле нападнати и неговата сопруга и неговата ќерка.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
