Премиерот Заев на денешната прес-конференција со неговиот колега Бојко Борисов, изјави дека Бугарија и Македонија ќе бидат копретседавачи и кодомаќини на Самитот на земјите на Берлинскиот процес кој ќе се одржи во јули следната година во Скопје и Софија.
„До година јас и мојот пријател и колега Борисов заеднички ќе ги пречекаме сите премиери од Берлинскиот процес за да разговараме за новите европски идеи за иднината во Скопје и Софија“, изјави Заев на денешната прес-конференција.
Во своето излагање премиерот Заев повторно ги истакна бенефитите за Македонија по потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија. Тој изјави дека овие бенефити се за сите граѓани и подвлече дека во сферата на трговската размена за минатата 2018 год има раст од 12,8 % меѓу двете земји.
Заев изјави дека во последните две години бугарските компании до сега инвестирале во Македонија повеќе од 35 милиони евра. Заеднички инвестиции во Бугарија имаат и голем број македонски компании, додаде премиерот.
Заев ги спомна и големиот број на проекти во сферата на културата, каде што веќе се организираат заеднички концерти, се играат театарски претстави на македонски и бугарски театри во Македонија и Бугарија.
Најново од Вести
Поради лизгавиот коловоз од дожд и брзо возење попладнево околу 18:30 часот на патот под АГРИА
Министерството за здравство на Малта денеска соопшти дека во таа земја е забележан првиот случај на
Последните информации кои излегоа во јавноста покажуваат дека обвинети и осомничени во аферата „Криминални парцели“ со
Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), превентивно апелира
Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц побараа денеска од рускиот Владимир Путин да