ГАЗДА НЕФИ ГО ОТКАЖА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ УРИВАЊЕТО НА НЕГОВИТЕ ДИВОГРАДБИ
Откажан протестот за начинот на кој се одвива акцијата за уривање на дивоградбите во Охрид, претходно најавен на социјалните мрежи од страна на огранокот на ДУИ во Охрид и нивните претставници, јавува Ohridnews.
Информацијата дека протестот е откажан ја потврдија високи функционери на огранокот на ДУИ, кои велат дека јавноста дополнително ќе биде информирана за деталите.
Утрово, преку социјалните мрежи беше објавено дека протестот ќе се одржи утре пред општинската зграда со почеток во 10 часот. По објавување на веста од страна на медиумите, информацијата беше повлечена.