КОСТАДИНОВ КОНТРА ВЕРУШЕВСКИ: „БОМБИТЕ“ СЕ ВЕРОДОСТОЈНИ
„Веродостојноста на бомбите неколкукратно во целост е потврдена досега што всушност е потврда и вештачењето што беше направено во Германија. Сите граѓани, и целокупната јавност имаа можност да ги слушнат обвинувањата, да ги слушнат гласовите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ за пиштење, вриштење и тегнење за уши и тоа е факт. Автентичноста ја потврдија и луѓето коишто беа инволвирани во самите материјали, дополнително имајќи ја предвид приватноста СДСМ не ги објави приватните разговори, но сите разговори беа предадени во СЈО“ – изјави денеска портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, како одговор на прашањето како гледа на вчерашното сведочење на Верушевски дека прислушкуваните матријали биле модифицирани.
