ВРХОВНИОТ СУД НА БРИТАНИЈА ОДЛУЧИ: РАСПУШТАЊЕТО НА ПАРЛАМЕНТОТ СО ПОДДРШКА НА КРАЛИЦАТА Е НЕЗАКОНИТО
Врховниот суд на Велика Британија денеска пресуди дека суспендирањето на Парламентот на барање на Борис Џонсон е незаконско, јавува Фокус.
Највисокиот британски суд во одлуката наведува дека е погрешно да се запре Парламентот да ги извршува своите обврски.
Според „Гардијан“, судиите нагласиле дека советите на премиерот Џонсон за кралицата Елизабета Втора за суспендирање на Парламентот не биле легални.
Одлуката од 11 судии доаѓа по тридневниот процес, кој во прв план ги изнесе правните несогласувања околу толкувањето на непишаниот Устав на Велика Британија.
