| |

ГДУ: БЕЗ РЕФОРМИ НИТУ ЌЕ НИ СЕ ОТВОРАТ ВРАТИТЕ НА АЛИЈАНСАТА, НИТУ ЌЕ ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕУ

Посетата на Република Македонија од страна на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтентербег е уште еден показател дека периодот во кој се наоѓа земјата е од исклучителна важност, се вели во соопштението на политичката партија Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

Пораката на Столтенберг е јасна , дека имаме историска и неповторлива можност и оти членството на Македонија во НАТО е многу блиску и е на дофат. Но едно треба властите да имаат на ум, не само спроведување на успешен референдум, туку ни требаат и успешни реформи за да го фатиме правиот правец. Оти без реформи ниту ќе ни се отворат вратите на Алијансата, ниту ќе влеземе во ЕУ. А реформи пред се затоа што секој еден од нас сака да живее во безбедна, економски просперитетна и успешна Македонија. И затоа што идните генерации заслужуваат да имаат подобри перспективи од нашите.

Апелираме сите политички чинители во државата да се однесуваат одговорно, а не да калкулираат и да водат есап само за партиските и лични интереси. ГДУ смета дека во овој период се многу значајни и посетите кои следат. Доаѓањето на австрискиот канцелар Себастијан Курц и канцеларката на Германија, Ангела Меркел. На овие посети не треба да гледаме како дека некој да доаѓа да не убедува во нешто, туку како на искрена поддршка и дека Македонија не е сама во борбата за подобра иднина, се вели во соопштението на политичката партија Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.



Слични Објави