ГДУ ГО ОТВОРИ СВОЈОТ ПРВ ЛОКАЛЕН КЛУБ ВО ГРАДОТ КИЧЕВО

Граѓанско Демократската Унија-ГДУ го отвори својот прв локален клуб во градот Кичево. На отворањето на локалниот клуб во овој град присутни беа Генералниот секретар на партијата, Димче Петкоски, носителот на ИЕ-5 Даниел Јорданоски, членови и симпатизери на партијата.

loading...

Генералниот секретар Димче Петкоски истакна дека се надева дека граѓаните на градот Кичево ќе се пронајдат во програмата на партијата и ќе ја дадат својата поддршка за ГДУ.
Петкоски ги повика кичевчани активно да се вклучат во активностите за подобрување на условите за живот во нивниот роден град и да се одважат да бидат храбри предводници на промените за кои ГДУ се залага.



loading...