Делегација на ГДУ-Кавадарци предводена од член на Управувачкиот комитет на партијата, Добре Митрев, зеде учество во одбележувањето на 107-годишнина од избувнувањето на Тиквешкото востание, што е прв вооружен отпор против српските окупаторски власти во Македонија.
„Тиквешкото востание е прв организиран масовен народен вооружен отпор против српскиот окупатор во Вардарска Македонија по повлекувањето на турските сили по Првата балканска војна. Востанието започнало на 19 јуни, 1913 година, во Тиквешијата и траело седум дена. Тиквешкото востание е самостојно дело на тиквешкото население, спонтано организирано и раководено од месните дејци, револуционери и војводи на Организацијата, а потпомогнато од четите на ВМОРО“, стои во соопштението на локалниот клуб на ГДУ во Кавадарци.