ГДУ-КИЧЕВО: ЧУЛЕВ И ТАСЕВСКИ ДА ИЗЛЕЗАТ СО СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ПРЕСТРЕЛКАТА КОЈА СЕ СЛУЧИ ВО КИЧЕВО ПРЕД НЕЦЕЛИ ДВА ДЕНА

„Им се обраќаме јавно на почитуваните Чулев и Тасевски како најповикани од редовите на Министерството за внатрешни работи, да ги задолжат своите потчинети и да излезат со соопштение во врска со престрелката која се случи во Кичево пред нецели два дена.
Имено, волонтерите на Граѓанско Демократската Унија – ГДУ од Кичево, на шега велат дека тоа било „огнено крштевање“ по повод отварањето на нашата канцеларија. Но, шегата настрана, споменатите раководители на МВР во интерес на јавната безбедност и индивидуалната сигурност на граѓаните, имаат обврска да излезат со информации и преземни мерки, молкот само ги подгрева шпекулациите и создава недоверба кон припадниците на јавниот ред и мир“, се вели во соопштението на ГДУ-Кичево.