| |

ГДУ: НЕ ЛИДЕРИТЕ, ТУКУ ГРАЃАНИТЕ ИЗБИРААТ, ПРОМЕНА НА ИЗБОРНИОТ МОДЕЛ!

„Не престануваат надмудрувањата на СДСМ и ДПМНЕ, кој повеќе се бори за правда, кој има повеќе криминалци во своите редови, кој сака да амнестира, а во меѓувреме и едните и другите испраќаат сигнали дека бил можен компромис. Тешко на државата, кога правдата и реформите се оставени само во рацете на политичарите.

Власта имаше три години за да го ослободи правосудството од стегите на режимот, но за жал такво нешто не видовме. Судството и целиот правен систем не е ослободен од партизација и политизација. Предупредуваме октомври се ближи, потребни се вистински реформи, а не носење на закони по мерка на Заев и Мицкоски.

Со месеци ги слушаме како партиските групи преговараат, ама разликите останувале. Антонио Милошоски, осомничен во истрага од СЈО, ни зборува за иднината на ова обвинителство, а пак вицепремиерот Бујар Османи исто така осомничен ни зборува за неселективна правда. Доста е со циркусов.

ГДУ уште еднаш ја потенцира потребата од мислењето на стручната јавност во носењето на Законот за јавно обвинителство. Притоа ја истакнуваме и важноста за промена на изборниот модел, зошто секој си кажува како му одговара. Како што слушаме од медиумите 3 партии-3 изборни модели-3 датуми за избори. И секако во преден план партиските, а не интересите на оние кои избираат и кои го даваат суверенитетот.

Повторуваме – не лидерите, туку граѓаните избираат. Затоа промена на изборниот модел во една изборна единица и отворени листи е единствен начин да им се овозможи на гласачите да гласаат за личност, а не за партија. Само на таков начин ќе се спречи и носењето на штетни законски решенија“, се вели во соопштението на политичката партија Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

Слични Објави