| |

ГДУ-ШТИП: БОЧВАРСКИ Е ЗБУНЕТ И НЕРВОЗЕН

„Почитувани „експерти” од Општината, ние најдобронамерно ви сугерираме, но за жал, вашите суетни претпоставени не знаат да ги признаат сопствените грешки и да се извинат.

Само како тема за размислување да ја потсетиме јавноста дека бројот на зградите кои се градат од фирми” познати” на семејството Бочварски, се многу повеќе од мостовите изградени во негово време. Впрочем за волја на вистината, бројот на мостовите е еднаков на нула.

Локалната самоуправа и PR тимот на градоначалникот се видно збунети и нервозни. Како одговор на нашата прес-конференција бевме обвинети дека не сме компетентни и без никакви анализи сме давале сугестии за сообраќајниот метеж во градот.

Само да ги потсетиме генијалните експерти од Oпштината, дека пред неколку месеци тие а не ние од ГДУ, го создадоа проблемот кој сега го решаваат. Имено сообраќајниот режим беше како сега, но тие неслушајќи ги експертите и граѓаните го сменија.

-На база на која анализа го сменивте режимот, па сега пу- пу не важи?

-Дали вашите мерки против сообраќајниот метеж во градот се на секои 6 месеци да купувате по нови 5 знаци за измена на режимот на мостовите?

-Oсвен да купите 5 знаци и да си ја направите раскрсницата пред зградите кои се градат од фирми најдобро познати на градоначалникот Бочварски, кои други мерки ги преземате?

-Зошто ги излажавте штипјани дека ќе изградите катни гаражи?“, стои во реакцијата на ГДУ-Штип за одговорот на Општината предизвикан од вчерашната прес-конференција на партијата, на тема проблемите со сообраќајот во градот.



Слични Објави