ГДУ УТРЕ ЌЕ ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ОХРИД
Граѓанско Демократската Унија утре ќе го претстави својот кандидат за градоначалник на градот Охрид. Настанот ќе се одржи во седиштето на локалниот клуб на партијата во Охрид, кадешто ќе се одржи и прес-конференција. Локалниот клуб на ГДУ се наоѓа на наспроти Универзитетот за информатички технологии „Свети Апостол Павле“, ул.„Партизанска“ бр.8/4.
„ГДУ за прв пат ќе понуди кандидат за градоначалник, а воедно и една поинаква кампања и програма за подобар Охрид. Граѓанско Демократската Унија како политичка партија е прва која ќе го обзнани својот кандидат за градоначалник на Охрид. Повеќе детали ќе добиете на прес- конференцијата“, се вели во соопштението на политичката партија Граѓанско Демократска Унија-ГДУ, Охрид.
