| |

УПРАВАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ САНКЦИИ БАРА ОДГОВОРНОСТ ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ ВО ШУТКА

Управата за извршување санкции извршила сопствен увид и направила записник за инцидентите што се случија во затворото „Скопје“ со притворените поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои се осомничени за вмешаност во настаните во Собранието на 27 април 2017. Управата изготви записник во кој бара одговорност за сите службени лица кои дозволиле да се случат инцидентите и дава препораки за спречување вакви настани во иднина.

-Во овие препораки, УИС бара да има соодветна одговорност за сите оние службени лица од затворот кои допуштиле вакво сценарио. Одговорност мора да има, а според нашите сознанија, во КПУ Затвор Скопје веќе се почнати постапки на поведување дисциплинска одговорност. Дадени се препораки и за дополнително зголемување на безбедноста на затворот, со тоа што отсега секоја просторија за престој ќе биде сама на шеталиштето со дополнително присуство на службено лице, се вели во денешното соопштение од Управата за извршување санкции. (Повеќе)

Слични Објави