Родители бараат децата во второто полугодие да учат онлајн

/

Движењето „Поддршка за онлајн настава“ произлезено од фејсбук-група која брои 15 илјади членови побара второто полугодие од учебната година да почне со онлајн настава.

Од движењето на прес-конференција порачаа дека вирусот се пренесува многу брзо кај децата во една училница, а шансата за заразување е голема.

„Во првото полугодие учениците од основните и средните училишта наставата ја посетуваа во најголем број со физичко присуство, додека еден дел од учениците, според одлукатата на Владата, поради различни причини ја посетуваа онлјан. Дел од учениците не беа вклучувани, дел беа уценувани од одредени просветни работници. Сметаме дека правото на образование е загарантирано со уставот, а дел од законите се грубо прекршени“, велат од Движењето.



Ана Глигорова, која говореше на пресот, апелираше до Комисијата за заразни болести да дадат предлог до Владата за онлајн настава. Таа рече дека ако со делтата и со првиот вухански сој се заразувале еден или двајца, во овој случај се заразуваат сите.

Извор: Temite

Претходна статија

Нови 813 случаи на Ковид 19, за 24 часа починале 6 лица

Следна статија

Џамбаски од протестот на ВМРО-Бугарија: Не ги пренесувајте интересите на македонските Бугари (ВИДЕО)

Најново од Вести