ГДУ-ШТИП: ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ, КОРОНАТА НЕ БИРА КОЈ ОД КОЈА ПАРТИЈА Е

„Жалиме што ситуацијата со корона вирусот во Штип реално излегува од контрола. Со стандардни мерки нема како да биде постигнат нестандарден резултат за жал.


Месеци наред апелираме за непочитувањето на мерките од производствените капацитети, лошо организираниот транспорт и немањето на никаква контрола од институциите. Предложивме средба кај градоначалникот на која да ги претставиме идеите и да предложиме конкретни решенија за надминување на проблемот, но нели бевме во изборен процес и политичката конфронтација и желбата за евтини политички поени, секогаш а и сега, го замагли здравиот разум.


Се надеваме дека после сето ова созреавме, дека вака поделени и конфронтирани тешко ќе се справиме со проблемот и се надеваме дека здравиот разум ќе победи, а таткото на градот ќе повлече сериозен обединувачки потег.

Мислиме дека е време за обединување и сериозна борба со невидливиот непријател (Ковид-19), бидејќи тој не се интересира кој од која партија е“, изјави на денешната прес-конференција Бојана Дрангова од ГДУ-Штип.