| |

ГДУ СМЕТА ДЕКА ШТИП СПОРО ГИ РЕШАВА РИЗИЧНИТЕ ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ

ГДУ смета дека Штип споро ги решава ризичните пешачки премини во градот. Во писмено соопштение до медиумите, од партијата истакнаа дека уште лани во ноември тие до локалната самоуправа понудиле идеја за решавање на овој проблем која е веќе применета во многу европски , но и македонски градови.

Идејата е реализирана и во Штип, но не со темпото кое ГДУ го очекувало:

„… После 8 месеци напорна работа во Штип го имаме првиот таков пешачки премин кај училиштето „Тошо Арсов“. Ако со ова темпо се работи до крајот на мандатот на градоначалникот, ќе имаме уште минимум 3 вакви „капитални објекти“. Од овој момент ние од ГДУ, ќе бидеме многу внимателни со давањето на идејни решенија за проблемите во нашиот град, бидејќи со ова „брзо“ темпо на работа нема да имате време да ги реализирате, останаа само уште 2 години од мандатот. Истовремено сакаме искрено да прашаме, зошто се градеше кружен тек кај ЕМУЦ, средното училиште „Коле Нехтенин“, кој чини неверојатни 9. 000 000 денари, кога ова можеше да биде решено на истиот начин? И да не заборавиме да потсетиме, но истовремено и да прашаме, дали го склучивте и анексот кон договорот за кружниот тек и кога мислите да ја информирате штипската јавност за истиот“, стои во соопштението од ГДУ.

На ова, исто така со соопштение реагираа од општина Штип:

„ Решенијата за ваквите проекти не треба да ги носи политиката и политичарите туку стручните овластени инжинери. Имено по поставување на мостот на река Брегалница ќе се добие уште една фрекфентна улица од населба Пребег до населба Сењак, која ќе вкрстува со булевар Гоце Делчев . Оттука се јавува потребата за изградба на кружен тек со цел смирување на сообраќајот, но и безбедно движење во сите четири правци. Како тоа замислувате да функционира таа крстосница после пуштањето на обиколницата и неколкукратно зголемување на сообраќајот во другата насока, без кружен тек?

Оваа локална власт се грижи за безбедноста на граѓаните и токму затоа е изграден овој проект. Кога зборувате за проект од 146 илјади евра, треба да знаете дека со тие пари е изградено целосно нов кружен тек и целосно нова улица во должина од 250 метри и 5 пристапи до тамошните објекти, со тротоари, тампонирање, 2 слоја асфалт и рабници. Повторуваме дека понудените цени за овој зафат беа од 190 до 420 илјади евра, а после аукцијата е дојдено до најниската понудена цена, по закон за јавни набавки. “, се вели во реакцијата од Општината.

Слични Објави