| |

Генчовска од Брисел: Нашиот став за почетокот на преговорите на РС Македонија со ЕУ е јасен

Министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска денеска потврди дека и покрај притисоците бугарскиот став е јасен – Бугарија очекува Северна Македонија да почне да го спроведува договорот и да обезбеди вклучување на Бугарите во преамбулата на уставот на нивната земја, изјави таа пред бугарските новинари во Брисел, каде што учествуваше на Состанок на Советот ЕУ.

Од самиот почеток, целиот процес се заснова на заслугите на Северна Македонија, во никој случај не е поврзан со датуми, додаде таа како одговор на прашањето дали може да се очекува напредок во јуни. Од страна на Северна Македонија мора да се преземат јасни конкретни чекори за да биде сигурно дека договорот (за пријателство, добрососедство и соработка) ќе почне да се спроведува и ќе продолжи да се спроведува. Очекуваме конкретни акции, рече Генчовска.

Според министерот, вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија не би било доволно за одредување датум за почеток на преговорите со ЕУ. Другата патека е договорот – тој е меѓународно признат, што значи дека Скопје мора да го почитува владеењето на правото и тоа е дел од копенхашките критериуми, објасни Генчовска.

Според неа, претстојната посета на еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји оваа недела не создава дополнителен притисок. Ќе продолжиме да објаснуваме каков е нашиот став, што очекуваме од преговарачкиот процес и какви гаранции сакаме да бидат вклучени во преговарачката рамка, рече Генчовска.

Таа додаде дека официјалниот став на Бугарија е еден. Има претставници на кабинетот и на разни институции кои, се надевам, веќе разбраа дека нема начин Бугарија да има две надворешни политики. Доколку има некаков напредок за тоа како ќе се развиваат нашите односи со Северна Македонија во иднина, сето тоа ќе оди со одлука на парламентот, рече Генчовска.

Слични Објави