Герасимовски: Ги исполнивме сите проекти кои ги побараа пензионерите
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше во посета на пензионерите од пензионерски клуб „Невена Георгиева Дуња“ близу Заводот за вработување во Капиштец. Оттаму ги потсети повозрасните жители на општината да не забораваат да аплицираат за бесплатните стоматолошки услуги, како и проектите „Нега на стари лица во домашни услови“ каде пензионерите добиваат домашна нега од физиотерапевти, негуватели, социолози и психолози два дена во неделата и проектот „Сервис за одмена на семејна грижа“ наменет за лицата со Алцхајмер и деменција.
„Она што како општина го ветувавме и во предизборието се реализира. 90 домаќинства се посетуваат од страна на наши обучени тимови, физиотерапевти, социјални работници коишто им помагаат на нашите повозрасни сожители. Започна и проектот во кој наши тимови на луѓе ги посетуваат повозрасните лица од центар којшто се соочуваат со Алцхајмерова болест и деменција и им помагаат на семејствата“, рече Герасимовски пред пензионерите.
Општина Центар на барање на пензионерите отвори и три нови пензионерски клубови во населба Крњево и близу Универзалната сала. Дополнително во време на криза општината издвои 330.000 финансиска поддршка на повозрасните жители во социјален ризик. Општина Центар продолжува да вложува во проекти кои ги олеснуваат пензионерските денови и длабоката старост.