ГЕРБ-СДС и „Продолжуваме со промената“ поднесле до бугарскиот парламент декларации со осуда за говорот на омраза кон македонските Бугари
Пратеничката група на ГЕРБ – СДС достави до секретаријатот на Народното собрание во Бугарија нацрт-декларација во врска со ескалацијата на антибугарските агресивни дејствија, во која ги повикуваат властите во Северна Македонија да спроведат целосна и сеопфатна истрага и да ги идентификуваат напаѓачите на Христијан Пендиков, јавува БНР.
Документот ги осудува актите на насилство и говорот на омраза кон Бугарите кои живеат во Северна Македонија, а исто така и повикува на почитување на Договорот за пријателство и добрососедство.
Слична нацрт-декларација поднеле и пратениците од партијата „Продолжуваме со промената“.

