|

Германија бара објаснување од Србија за нападите врз демонстранти и новинари на протестите во земјата

Германската влада побара од српските власти објаснување во врска со нападите врз демонстранти и новинари за време на протестите против режимот на претседателот Александар Вучиќ, пишува германскиот неделник Zeit, пренесува БГНЕС.

„Со оглед на тоа што Србија е кандидат за членство во Европската унија, оваа земја се има обврзано да ги почитува принципите на владеење на правото“, изјави портпарол на германското Министерство за надворешни работи во Берлин.

Заменик-портпаролот на германската влада, Штефен Мајер, рече: „Ситуацијата внимателно ја следиме.“ Тој ги отфрли обвинувањата дека Германија ги игнорира демократските дефицити во Србија поради економски интереси и додаде дека не станува збор за „вртење на главата на друга страна“. Во позадина на овие обвинувања стои заедничкиот план на Србија и ЕУ за ископ на литиум во Јадарската долина во Западна Србија.

Во последните неколку дена протестите повторно се силно присутни на улиците. Во Белград, како и во Нови Сад и Ваљево, се одржаа големи демонстрации. Многу луѓе беа уапсени и повредени. Полицијата беше обвинета за прекумерна употреба на сила, а демонстрантите кои го критикуваат режимот биле повеќепати нападнати од делумно маскирани поддржувачи на власта, наведува германското издание.

Слични Објави