ИРФАН И АЛИ ОД СКОПЈЕ ДОКАЖАА ДЕКА ДОБРИНАТА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ УНИШТЕНА ОД НИКАКОВ ВИРУС

//

Вонредната состојба поради кризата со КОВИД-19 ја покажа добрината кај луѓето.

Скопјанецот Ирфан Јетиши деновиве на своите муштерии им нуди два килограми лимони за цена од 150 денари , воедно секој кој сака или не може да си дозволи да си купи добива зелка, компири и кромид бесплатно.

Али Февзи исто од Скопје, подготвува топли оброци и ги носи на оние луѓе на кои најмногу им е потребно.



„Поради полицискиот час кој за викендот почува во 16 часот, сакам на секое семејство кое не може да си дозволи порција ручек да му донесам.Ако има некој во вашето маало слободно побарајте ме“, напишал скопјанецот во својата објава на Facebook.



Претходна статија

ПАРТИЈАТА НА БОРИСОВ ЌЕ ПРЕДЛОЖИ ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ПРАТЕНИЧКИТЕ ПЛАТИ

Следна статија

ПИРОВСКА: ЖРТВИТЕ НЕМААТ ДОВЕРБА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ

Најново од Вести