ПАРТИЈАТА НА БОРИСОВ ЌЕ ПРЕДЛОЖИ ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ПРАТЕНИЧКИТЕ ПЛАТИ

/

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов за време на вонредниот брифинг на бугарската влада соопшти дека парламентарната група на неговата партија ГЕРБ ќе предложи замрзнување на пратеничките плати во Собранието на нивото од 2019 г.

На новинарско прашање дали тоа не е популистички предлог, Борисов одговори дека е популист и додал дека овој збор има две значења, во нормално време популизам, а во моментот солидарност.

Инаку предлогот на Борисов за непокачување на пратеничките плати доаѓа откако стана јасно дека бугарските пратеници треба да добијат повисоки плати во согласност со прифатениот нов Правилник за организацијата и дејноста на Собранието што стапи во сила од 1 април.

Претседателката на бугарскиот парламент Цвета Карајанчева, која доаѓа од партијата на Борисов, порано изјави дека замрзнувањето на пратеничките плати и покрај кризата со Ковид-19 е популизам.





Претходна статија

САСОЛИ: ЕУ БАРА НАЧИН КАКО ДА МУ ПОМОГНЕ НА ЗАПАД БАЛКАН ДА СЕ СПРАВИ СО ПАНДЕМИЈАТА

Следна статија

ИРФАН И АЛИ ОД СКОПЈЕ ДОКАЖАА ДЕКА ДОБРИНАТА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ УНИШТЕНА ОД НИКАКОВ ВИРУС

Најново од Вести