ГЕРМАНИЈА ЈА ПРОДОЛЖУВА ГРАНИЧНАТА КОНТРОЛА ЗА УШТЕ 20 ДЕНА

//

Германија уште 20 дена ќе ја продолжи контролата врз границата, мерка што ја воведе поради пандемијата со новиот коронавирус.

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зеохер најави дека ќе разговара со премиерите на покраините, кои се погодени со граничната контрола, што сега ќе биде во сила до 4 мај.

Контролата е воведена пред еден месец и оттогаш се контролираат премините кон Австрија, Франција, Луксембург, Данска и Швајцарија.



На граничните премини кон Белгија и Холандија нема контрола, но во тие делови во Германија е зголемена контролата на простор од 30 километри од границата.

Во Германија регистрирани се 132.321 заразени лица со Ковид-19, од кои 3.502 починаа, а 72.600 оздравеа.

Претходна статија

ТУР ДЕ ФРАНС ЌЕ СЕ ОДРЖИ ОД 29 АВГУСТ ДО 20 СЕПТЕМВРИ

Следна статија

КОЈ ГИ ТРУЕ КУЧИЊАТА ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС?

Најново од Вести