|

Германската министерка Баербок: Русија е одговорна за смртоносниот ракетен напад во Полска

Русија е одговорна за смртоносниот ракетен напад во Полска, оцени германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, пишува Слободен Печат.

„Овие луѓе немаше да загинат ако не беше оваа брутална руска воена агресија“, истакна Баербок денеска по пристигнувањето на конференцијата на ОН за климата во Египет.

Таа додаде дека разузнавачки информации сугерираат дека ракетите биле на украинската воздушна одбрана, која реагирала на низата воздушни напади врз украинските градови.

„Изминатите 18 часа покажаа колку е важно да се однесуваме внимателно во овие моменти, но пред сè и заедно како Европска Унија, како НАТО“, истакна Баербок.

Врз полското село Пжеводов, лоцирано околу шест километри од границата со Украина, вчера паднаа две ракети, при што загинаа двајца луѓе.

Полските медиуми објавија снимка од местото на ударот, во селото Пжеводов, на границата со Украина.

По нападот неименуван американскиот разузнавач за АП истакна дека ракетите кои паднаа во полското село се од руските напад врз Киев.

Веднаш по оваа информација се јави Кремљ кој соопшти дека дека руските ракетни напади во Украина биле на не поблиску од 35 километри од полската граница, а експлозијата во Полска била предизвикана од украинска ракета за противвоздушна одбрана.

Кремљ обвини дека некои западни земји, особено Полска, реагирале „хистерично“ на инцидентот, но рече дека САД и претседателот Џо Бајден покажале воздржаност.

За инцидентот се произнесе и претседателот Бајден кој кажа дека според првичните информации, можно е проектилите да не се истрелани од Русија.



Слични Објави