| |

ГЕРМАНСКАТА ВЛАДЕЈАЧКА КОАЛИЦИЈА СМЕТА ДЕКА ПАТОТ НА СКОПЈЕ И ТИРАНА КОН ЕУ Е ОТВОРЕН

Владејачката германска коалиција ЦДУ/ЦСУ смета дека патот на ЕУ останува отворен за Северна Македонија и Албанија, и покрај негативен исход од минатонеделниот состанок на Советот на ЕУ во однос на отворањето на пристапните преговoри со двете земји.

Заменик-претседателот на парламентарната група ЦДУ/ЦСУ, Јохан Вадефул и парламентарниот известувач Кристијан Шмит, ги повикаа Скопје и Тирана да продолжат со реформите и да ги разубедат сите кои се сомневаат дека нивното место е во ЕУ.

Слични Објави