ГЕРОСКИ: ДРУГАРЧИЊА, ЕВЕ МАЛКУ БЕСПЛАТНО МЕДИУМСКО ОПИСМЕНУВАЊЕ – КОЈ И КАКО СМЕЕ ДА ЈА ОГРАНИЧИ СЛОБОДАТА НА ИЗРАЗУВАЊЕ?

//

Ја предупредувам владата на Зоран Заев дека секоја активност на Акциската група според разбирањето на Марјан Забрчанец презентирано во неговиот статус на Фејсбук, секое дејствие кое нема да има подлога во легитимни законски ограничувања на слободата на изразување, може и ќе биде оспорено како противуставно, односно како кршење на членот 16 од Уставот кој забранува цензура, како и спротивно на Европската конвенција за човекови права.

Волунтаризмот е учење според кое волјата е основа и двигател на сѐ што постои. Не сакам да се сомневам дека владата на Зоран Заев има силна волја и добра намера да се спротивстави на лажните вести и на дезинформациите (така како што ги разбира) и да се бори против „нападите врз демократијата“, што и веќе да се подразбира под таа сомнителна флоскула. Но, правниот и политичкиот волунтаризам, односно сфаќањето дека волјата е посилна од словото и од духот на законот, може навистина да доведе до нови, опасни рестрикции на слободата на изразување. Кога велам „нови“, сакам да кажам дека слободата на изразување кај нас веќе е ограничена со законски рестрикции, кои се сметаат за нужни од аспект на општествениот интерес и кои не се во спротивност со Европската конвенција за човекови права, чиј потписник е и Македонија.

Целиот напис прочитајте го овде.



Извор: Плус инфо

Претходна статија

ВТОРИ АВГУСТ НЕРАБОТЕН ДЕН ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ

Следна статија

РИКЕР ДО ОПОЗИЦИЈАТА: НЕМАТЕ ВРЕМЕ ЗА ПОЛИТИЧКИ ИГРИ

Најново од Вести