ГИ НАУЧИВМЕ СРБИТЕ КАКО ТРЕБА, САКААТ ЕКС-ТРЕНЕР НА ВАРДАР ЗА СЕЛЕКТОР!

Двајца бивши тренери во ракометниот клуб Вардар, Шпанецот Дејвид Камара Дејвис и „ел команданте“ Раул Гонзалес, кој беше и макеоднски селектор се двајца од потенцијалните четири кандидати за нов селектор на ракометната репрезентација на Србија, која во последниве години доживува вистински фијаска на секое големо натпреварување.

Откако Србија стигна до финале на Европското првенство во 2012 година, на кое Македонија беше петта, северниот сосед има ужасно лоши резултати, па по катастрофата минатиот месец си замина Ненад Перуничиќ од кормилото и Србите сега бараат нов селектор, а првпат најверојатно ќе имаат странец.

„Спортски Журнал“ објави дека прв кандидат за клупата на Србија е црномурестиот Дејвис, помошникот на Раул Гонзалез и на Роберто Парондо во Вардар, а тренер на женскиот тим на Вардар пред да замине во унгарски Веспрем. Дејвис патем беше селектор и на Египет со кој ја освои африканската титула неодамна, а претходно беше селектор и на Русија.

Дејвис најмногу им одговара на Србите, зашто одлично го познавал балканскиот менталитет, во Веспрем веќе соработува со двајца српски ракометари, Петар Ненадиќ и Владимир Цупара, а добро го знае и јазикот и нема да има никаков проблем и бариера за да ја води српскаа селекција.

На листата на желби на Србите е и Раул Гонзалез, кој моментно е тренер на француски ПСЖ, како и уште двајца Шпанци, Антонио Карлос Ортега и Чави Сабате, двајца кои пред Дејвис исто така работеа во Веспрем.

Извор: Спорт1

Слични Објави