|

СЕЛА: НЕМА УСЛОВИ ЗА МАКЕДОНСКО-АЛБАНСКИ ПРЕДИЗБОРНИ КОАЛИЦИИ

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села изјави дека сѐ додека во Македонија има етничка дискриминација нема услови за предизборна коалиција помеѓу македонски и партии на Албанците. Села коментарот го даде по потпишувањето на договорот за предизборна коалиција помеѓу Алијансата за Албанците и Алтернатива.

„Сѐ додека во Македонија немаме држава за сите, сѐ додека институции од ЕУ кажуваат дека постои дискриминација од етнички план во Македонија, мислам дека уште не се создадени услови за да имаме такви предизборни коалиции“, изјави Села.

Слични Објави