ГОДИНАВА ВО МАКЕДОНИЈА ЕДЕН МИЛИОН ТУРИСТИ
Годинава се очекува да биде остварена целта од еден милион туристи и 3 милиони ноќевања, гости од целиот свет кои ќе ја посетат земјава. Учеството на туризмот во БДП се очекува да биде околу 3 проценти, проекцијата до 2020 е тоа да биде 4 отсто, што ќе значи автоматски поголем девизен прилив во земјата.
Во врска со ова Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави: „Ова е знак дека се движиме во вистинска насока, а политиките се одлично поставени. Влезот на Република Македонија во НАТО ќе значи и отстранување на последната бариера што честопати е споменувана од странските туристи кои ја заобиколуваат нашата земја, а тоа е прашањето за поголема сигурност и безбедност. Но, тоа ќе значи и засилени инвестиции во туристичката инфраструктура, што секако ќе придонесе за развој на туристичкиот сектор“
Тој додаде дека соседните земји, кои се дел од НАТО или ЕУ, веќе го почувствувале значењето од членството во насока на засилен економски развој вклучувајќи и развој на туристичкиот сектор.