ГОЛЕМА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Вести Македонија

Со големо задоволство сме сведоци на големата акција за чистење и косење површини на територија на општината која се спроведува во изминатиот период, службите за чистење вчера можеа да се забележат како уредуваа дел од населбата Даме Груев.

Акцијата продолжува и во наредниот период. Општината ѓи информира граѓаните дека истата се одвива плански, и ниту еден дел на Ѓорче Петров нема да биде изоставен.

Воедно на повеќе локации во урбаниот и руралниот дел, надлежните соопштуваат дека се променети чешмите за пиење вода. Општина Ѓорче Петров апелира истите да се сочуваат што подолго, заради доброто на сите граѓани, особено во топлите летни денови.