| |

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ВО СКАДАР И ВАЛОНА, АРМИЈАТА ГО ЕВАКУИРА НАСЕЛЕНИЕТО!

Околу 200 приватни куќи во албанската општина Скадар се поплавени како последица на обилните врнежи од дожд што паднаа претходните денови, но и од излевањето на реките, пренесува „Информер“.

Според локални медиуми, повеќе куќи во општина Скадар и селото Ливаде се без струја и вода и отсечени од другите делови на државата, а војската го евакуира населението. Некои патишта може да се минуваат само со чамец.

Општината побара од владата да прогласи вонредна состојба во некои делови од неа. Ситуацијата е сериозна и во општина Валона, каде поплавите создадоа сериозен сообраќаен хаос.

Слични Објави