ГОЛЕМИТЕ БЕЛИ НА „МАЛИОТ ПРИНЦ“- ЈАИР, ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ СИН НА БЕНЈАМИН НЕТАНЈАХУ

Бенјамин Нетанјаху е еден од малкуте светски лидери, кои и покрај тоа што се заглавени во скандали, сè уште не ја изгубиле својата функција. На премиерот на Израел многу често му се случува освен за своите постапки, да дава објаснувања и за постапките на својот најстар син Јаир, кој е сметан за главен советник на својот татко. Јаир е познат по тоа дека троши многу пари за проститутки и дофрлувањата за соучесништвото на неговиот татко во корупциони шеми.

„Види таму за женските… Каде можам да најдам некои убави? Ајде другар, ти ќе платиш наместо мене, татко ми му помогна на твојот татко во Собрание, да добие работа за 20 милијарди, а ти не сакаш да ме почестиш 400 шекели“- пијаниот син на Нетанјаху не се срами од вакви изреки. Ваквиот разговор би можел да помине како другарско „дробење“ на два разгалени синови на богати татковци, ако истиот не се појавеше во медиумите.

Во случајот Јаир разговарал со еден од своите пријатели син на познатиот во Израел бизнисмен Коби Мајмон. Два дена подоцна младиот Нетанјаху се извинил, објаснувајќи дека се шегувал кога спомнал за односите меѓу неговиот татко и крупниот бизнисмен. Премиерот на Израел пак од своја страна истакнал дека го видел Мајмон само еднаш и немал претстава дека нивните деца се пријатели.

Во август 2017 г. Јаир Нетанјаху се најде во центарот на нов скандал, откако и покажал среден прст на своја сосетка, која му направила забелешка, оти не чисти по своето куче. Семејството Нетанјаху ја определи како клевета сторијата за оваа случка, откако истата се појави во медиумите. Невладината организација „Молад“ објави напис со наслов: „5 работи, што не ги знаете за принцот Јаир Нетанјаху“. По оваа сторија Израелците разбраа дека младиот Нетанјаху не работи, живее со своите родители и по цел ден се шета низ Ерусалим со службено возило, шофер и обезбедување, кои се платени со пари од државниот буџет.

Во декември 2017 г. политички неистомисленици на Бенјамин Нетанјаху организираа голем протест, за време на кој извикуваа: „Израел е на сите нас, а не на фамилијата Нетанјаху“.  Рејтингот на премиерот падна, но неговата позиција остана цврста. Социолошко истражување на месна телевизиска куќа спроведено во февруари годинава покажа дека и покрај сите скандали партијата на Нетанјаху би изгубила само едно пратеничко место, ако во тогашниот момент се одржале избори. Тоа покажува дека има голема веројатност Израелците да се забавуваат со „подвизите“ на непослушниот принц Јаир и по изборите во 2019 г.