ГОРАН АНГЕЛОВ И ИВАН ЦВЕТАНОВСКИ ЌЕ ПОДНЕСАТ БАРАЊЕ ЗА АМНЕСТИЈА

Горан Ангелов и Иван Цветановски ќе поднесат барање за амнестија, тоа го соопшти нивниот адвокат Драган Пешевски пред денешното рочиште за 27 април. Пешевски очекува Ангеловски и Цветановски да бидат амнестирани согласно Законот за амнестија. Тој ја пренесе пораката од двајцата обвинети дека е дојдено време за национално помирување. Од денеска започнува да тече рокот од 5 дена за поднесување на барање за амнестија од страна на обвинетите. По поднесените барања судот по консултација со Јавното обвинителство ќе однесе одлука по истите.