| |

СЕДУМНАЕСЕТ СТУДЕНТИ ЌЕ ДОБИЈАТ ЕДНОГОДИШНИ СТИПЕНДИИ ОД ОПШТИНА КОЧАНИ

Седумнаесет редовни студенти кои студираат на државните универзитети во Република Македонија ќе бидат корисници на едногодишни стипендии што од сопствениот буџет ги обезбеди Општина Кочани.

На повикот што беше објавен минатиот месец биле поднесени 19 пријави, иако во локалната самоуправа беа испланирани средства за вкупно 30 стипендии.

  • Според одлуката за доделување финансиска поддршка за студентите на јавните високообразовни установи во државата, 10 стипендии се доделени на кандидатите кои оствариле особен успех во текот на студирањето, една е за категоријата студенти од ромска етничка припадност, три стипендии се за студенти од социјално ранливи семејства и четири за студенти на медицински науки. Стипендиите, чиј месечен износ е три илјади денари, се доделуваат за период од десет месеци, односно од септември до јуни, истакна Ана Кралева, раководител на општинскиот Сектор за јавни дејности.

Двајца од кандидатите, согласно условите од Правилникот за доделување стипендии, не го исполниле условот за остварен успех во текот на студирањето, поради што се одбиени. Рокот за поднесување приговор по донесената одлука е пет дена, по што ќе бидат потпишани договорите меѓу студентите и локалната самоуправа.

Од оваа година, со одлука на Советот на Општина Кочани, се зголеми бројот на корисниците на стипендии, како и висината на месечниот износ на стипендиите.

Слични Објави